Јужна Кореја е 75.000 долари сериозна за нови бебиња

Јужнокорејски компании решени да го запрат драматичниот пад на новороденчиња во земјата почнаа да даваат бонуси од 75.000 долари на семејствата кои имаат деца.

Скалата што на пример ја има воведено Ссангбангвул, компанија за производство на долна облека, предвидува 22.400 долари за прво дете, уште 22.400 долари за второ дете и 30.000 долари за трето.

„Ниската стапка на новороденчиња е важна задача што нашето општество треба да ја надмине. Компанијата ќе преземе одговорност и ќе ги вложи сите напори за да го помогне зголемувањето на стапката на плодност,“ изјавил портпаролот на компанијата.

Одлуката од Ссангбангвул следува еден месец откако градежната компанија од Сеул, Бујанг груп објави дека ќе има исплати бонуси од 75.000 долари по дете на вработените што имаат бебиња.

Бонусите на Бујанг важат за сите вработени што имале деца од 2021 до денес, што според нивни бројки се најмалку 70 деца или некои 5,2 милиони долари во бонуси.

Бонусот важи и за жени и за мажи. За сега нема информација дали има брачен пар кој има по еден вработен во двете фирми.

Јужна Кореја во 2022 има наталитет од 0,78%, а во Сеул, како дом на една петина од вкупната популација, бројката е на 0,59%.

Јужнокорејската влада месецов почна со подготовка на цела шема од даночни олеснувања и субвенции за компаниите кои ги поттикнуваат своите вработени да имаат деца. Во Сеул општините плаќаат по 750 долари месечно на сите родители што ќе добијат бебе се до неговиот прв роденден.

27 февруари 2024 - 11:01