Русија нема да увезува ГМО производи

"Ако Американците сакаат да јадат ГМО храна, нека јадат. Ние немаме потреба од тоа," изјави рускиот премиер Димитриј Медведев.

Премиерот на Русија порача дека земјата нема да увезува генетски модифицирани продукти бидејќи има и доволно простор и доволно ресурси да произведува органска храна.

На депутатите од руралните средини Медведев им порача дека Москва нема никаква причина да охрабрува ГМО производство или пак да увезува таква храна.

"Ако Американите сакаат да јадат ГМО производи, нека јадат. Нам тоа не ни треба, ние имаме доволно простор и средства за да јадеме органска," изјави Медведев.

Во февруари годинава, руската Дума побара од Владата да воведе ембарго за увоз на сите ГМО производи и семиња.

Според актуелните трговски правила на Русија, доколку увезен производ има барем 0,9 проценти генетски модификации, тоа мора да биде јасно назначено за купувачот да биде предупреден за фактите.

6 април 2014 - 09:15