Несовршените - сервис за грди овошја и зеленчуци

Истите луѓе што во 2011-та ја основаат Мрежата за спасување на храна, преку која успеваат да спасат 315 илјади килограми храна од кампусите на 150 колеџи, сега се фаќаат со уште поголем проект - да го спасуваат грдото овошје и зеленчук низ САД.

Пакетот кој го добила авторката на текстот

За да биде попривлечен, сервисот ги испорачува производите директно до дома, а во прво време тој е достапен на територијата на Беркли и Оукленд.

По математиката на авторката на текстот, производите што и биле испорачани од сервисот во супермаркет би чинеле околу 20 долари, кога би ги нарачала од сличен сервис тоа би било околу 35 долари. Имперфект и ги има испорачано за 12 долари.

Имперфект производите ги набавува од фармите низ Калифорнија кои се соочени со "козметички-ограничувања" во изборот на производи што супермаркетите им ги прифаќаат, а во одредени случаи набавката е и по основа на вишок залиха. На пример моментално е сезона на круши, па муштериите добиваат многу повеќе круши во пакетите.

Јаболки кои се одбиени од супермаркетите затоа имаат дијаметар помал од 5 сантиметри

"Ги добиваме во огромни кошници... и ги добиваме за само неколку пенија од долар во споредба со пазарната цена," објаснува еден од директорите на компанијата.

Компанијата производите ги добива еден ден откако се собрани на фармите, заради што во одредени случаи тие се потазе и од оние во супермаркетите. Козметичките недостатоци најчесто се минорни: несоодветна големина, потчукнување од ветер, нестандардна форма и слично.

Праски со минимално површинско оштетување

Единствена мана што авторката им ја најде на производите е што за сега сите се неоргански, претежно затоа што неорганските фарми имаат повеќе вишок на производи. За во иднина и ова планираат да го поправат.

19 август 2015 - 10:14