Кинески ресторан „KAI WAGATA“

Иако велат дека тоа го правеле со најдобра намера и за доброто на својт земја, сопствениците на еден ресторан во Кина мораше да им се извинат на муштериите, што ги мереле на вага пред да седнат да јадат.  

Под притисок на критиките кои ги доживеаја на социјалните мрежи, менаџментот на ресторан во градот Чангша во централна Кина мораше да ја смени и да се извини за контроверзната политика да ги мерат гостите на влез, со која сакале да се приклучат на државната кампања против фрлањето храна.

Од посетителите барале да застанат на вага за да измерат тежина и висина, да пополнат краток прашалник за врз основа на тие податоци, од апликација да добијат сугестија што да јадат врз основа на калориската вредност на менито.

Тоа баш и не наишло на одобрување па биле запердашени на мрежите иако овие објаснувале дека е тоа поддршка на националната кампања стартувана минатата недела од премиерот Џинпинг за рационално трошење на храната.

Освен живата мера, гостите во ресторанот се соочиле и со испишани пораки дека е убаво сè да изедат и зад себе да остават само празни чинии.

Како поддршка на кампањата, кетеринг фирми во Кина почнаа да препорачуваат гостите да нарачуваат еден оброк помалку од бројот на луѓето кои ќе јадат.

16 август 2020 - 12:03