Хајнц извади кошмарен мајонез

Во досега најуверливиот знак дека сè е отидено во неповрат, Хајнц направи мајонез со вкус нешто сличен на Ресана.

Се работи за соработка меѓу еден од најголемите производители на мајонез со производителот на чоколади Тери, познат по своите чоколадни бонбони со вкус на портокал.

Производот што тие го вадат е мајонез со вкус на чоколадо и портокал, замислен е како благ намаз, без разлика на името мајонез и го препорачуваат за мачкање на леб, палачинки, кроасани и слично.

Главните состојки на новиот намаз се: мајонез, чоколадо со вкус на портокал, ванила крем како за еклер и дополнителна доза на масло од портокал.

Олеснителна околност е што нема планови за негово масовно производство, барем за сега, и првата количина ќе се раздаде како награда.

20 декември 2021 - 13:11