Режисерите на Марвел се „наемни работници“

Тоа што едно време флертуваше со идејата да режира еден од филмовите од „Ѕвездени патеки“ на никој начин не значи дека Тарантино воопшто помислува да припари до Марвел филмовите, напротив, како што вели, ок е вака.

Во интервју за Лос Анџелес тајмс Тарантино објаснува дека режисерите што работат на Марвел филмовите едноставно се „наемни работници“ а тој нема време за тоа.

„Треба да бидеш наемен работни за да ги правиш тие работи. Јас не сум наемен работник. Јас не барам работа,“ изјавил Тарантино.

Тарантино објаснува дека денешните филмаџии не можат да дочекаат филмовите со суперхерои да изгубат на популарност, на ист начин како што режисерите од 1960-те едвај чекале да им пројде модата на мјузиклите.

Денешниот проблем на Тарантино е и што Холивуд веќе ретко кога прави скапи филмови по негов мерак.

„Секако дека ми се допаѓаа ’Ѕвездени војни’. Што има таму што не би ти се допаѓало?

Ама се сеќавам, и ова е не е ама во негативна смисла, туку ама во позитивна смисла, филмот целосно ме понесе со себе и јас само патував со овие ликови... Кога се вклучија светлата, се чувствував како милион долари. И кога погледнав наоколу и го имав овој момент на сознавање, си помислив ’колку добро си поминав на филмот’.

Сега, тоа не баш мојот омилен тип на филм. На крајот од денот јас сум многу повеќе ’Блиски средби’ тип, само поголемата идеја и Спилберг решен да направи епски филм за обични луѓе, не само за кинофили. Неколку филмови имаат таков тип на климакс како ’Блиски средби’. Ја воодушеви публиката,“ објаснува Тарантино.

7 ноември 2022 - 09:03