Како го снимивме The Usual Suspects

Режисерот на култниот трилер се сеќава како 50-тина студија го одбиле сценариото на филмот и како му дошла спасоносна идеја додека спиел во вреќа во монтажната соба. .

Брајан Сингер, режисерот

Крис Меквери ми заѕвони откако напишавме 50-тина страници од сценариото и ми кажа: "А што ако лошиот ја извади целата приказна од канцелариска табла"? А јас му реков: "Е, TOA е причина да го напрaвиме проклетиот филм!"

Добар дел од инспирацијата за лошиот лик, Кајзер Созе, ни дојде од ликот на Јури од трилерот од 80-тите No Way Out, шпиун од Пентагон кој можеби постоел а можеби не постоел. Созе го напишавме имајќи го Кевин Спејси на ум: тој еднаш ми пријде и посака да работи. Тогаш не беше толку познат и верувавме дека ќе биде одличен откако го видовме во Glengarry Glen Ross. Има нешто преварантско и забавно во него што го правеше идеален за измамнички гениј каков што е ликот Вербал. 

Го испратив сценариото на преку 50 филмски студија и потенцијални инвеститори и сите го одбија. Имавме некои финансии ама недоволно. Нè спаси Чаз Палминтери кој се согласи да го глуми полицаецот но имаше многу малку слободно време за тоа, околу две недели, па студијата знаеја дека треба да бидат брзи за да влезат во филм со таква доходовна ѕвезда. PolyGram и Spelling Films ни дадоа 6,5 милиони долари и го снимивме цел филм за 35 дена; 33 во Л.А.и два во Њујорк.

Бенисио Дел Торо имал гледано стар филм на Стенли Кјубрик, The Killing, во кој еден лик зборува со стиснати заби и мислеше дека ќе биде интересно неговиот Фред Фенстер да зборува така, тешко за разбирање. Помислив дека тој и Крис ме заебаваат со идејава ама потоа помислив: "Има ли нешто важно што Фред треба да го каже за ние да го разбереме? Нема, тој е тука само за да умре". Па им реков: "ОК, нека биде така".

Додека ја снимавме драматичната ноќна сцена на пристаништето, некој имаше пријавено во полиција дека има или дрога или оружје во бродот во кој снимавме (чистач на мини, некогаш поседуван од Кенедиеви). НТШ ни направија рација и го прекинаа снимањето. Решив комплетно да го преправам тој дел, но некој од продуцентите го имаше најдено градоначалникот па повторно добивме дозвола за работа.

Со монтажа завршивме две недели порано но филмот на крајот некако издишуваше. Гледачот дознава дека Созе е Кевин а не Габриел, но тоа не беше доволно емотивно. И тогаш имав неочекувана епифанија додека лежев во вреќа покрај монтажната единица па на монтажерот му реков: Дај ми кадри и тон кои покажуваат дека Кевин е Созе и тие вметни ги додека полицаецот на Чез ја гледа таблата и ја сфаќа финтата.

Дистрибутерот не знаеше што има в раце. Филмот се прикажа само во околу 900 сали и на благајните направи скромни 60 милиони долари. Но, наскоро беше јасно дека имаме феномен: тој се најде на стотици ТОП 10 филмови и откако доби два Оскара во 1996, стана видео хит и класика. Бил Киинтон беше голем фан, држеше копија од филмот во претседателскиот авион.

Сеќавањата на Габриел Брн за снимањето - тука

6 јануари 2016 - 19:23