Бонд, пијачки и лешови

Како Бонд, Даниел Крег пие неспоредливо многу алкохол во однос на неговите претходници, ама за тоа па има освоено најмалку девојки споредено со другите. Еве како стојат другите бројки.

Магазинот Економист направи завршна сметка за работата на досегашните Бонд актери. Така, Пирс Броснан е најкрволочен Бонд, убивајќи по 19 негативци во филм, а најмногу девојки има освоено Џорџ Лазенби.

Роџер Мур пие најмалку мартини по филм, а веднаш по него е Шон Конери. Инаку, во најновото продолжение Бонд пие исклучиво Хајнекен.

Тимоти Далтон е најприбран од сите актери. Во просек тој има едвај нешто повеќе од 5 убиства по филм, а не успева заедно да собере ниту 5 девојки и мартинија во еден филм.

24 октомври 2012 - 18:20