Америка изгуби на Оскарите

86-те Оскари имаа вкупно 24 победници на категории. Кога заврши делењето на наградите и ги преброија Оскаровците излезе дека вечерта повеќе не-Американци земале Оскари отколку Американци.

Главен извор на странци беше филмот Гравитација, кој има мексикански режисер и мноштво британски соработници. Топтан, од сите луѓе кои земаа награди 18 се Американци, а 24 не се родени или државјани на САД.

Странците:

- Стив Меквин, Најдобар филм, 12 години роб (Британец)

- Кејт Бланшет, Најдобра актерка, Синиот Јасмин (Австралијка)

- Лупита Нјонго, Најдобра женска споредна улога, 12 години роб (Кенијка/Мексиканка)

- Емануел Лубецки, Кинематографија, Гравитација (Мексиканец)

- Кетрин Мартин, Костимографија и Продукциски дизајн, Големиот Гетсби (Австралијка)

- Беверли Хан, Продукциски дизајн, Големиот Гетсби (Австралијка)

- Алфонсо Куарон, Најдобар режисер и монтажа, Гравитација (Мексиканец)

- Марк Сангер, Монтажа, Гравитација (Британец)

- Глен Фриментал, Монтажа на звук, Гравитација (Британец)

- Нив Адири, Најдобар звук, Гравитација (Израелец)

- Кристофер Бенстед и Крис Мунрос, Најдобар звук, Гравитација (Британци)

- Стивен Прајс, Најдобра оригинална филмска музика, Гравитација (Британец)

- Тим Вебер, Крис Лоренс, Дејвид Ширк и Нил Корбоулд, Најдобри визуелни ефекти, Гравитација (Британци)

- Малком Клард и Николас Рид, Најдобар краток документарен филм, Дамата во број 6 (Британци)

- Паоло Сорентино, Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, Големата убавина (Италијанец)

- Лорен Виц и Алексадре Еспигар, Најдобар краток анимиран филм, Г-дин Хублот (едниот од Франција, другиот од Луксембург).

- Андерс Валтер и Ким Магнусон, Најдобар краток игран филм, Хелиум (Данци)

 

Американци:

- Бред Пит, Деде Гарднер, Џереми Клајнер, Ентони Катагас, Најдобар филм, 12 години роб

- Метју МекКонахи, Најдобар актер, Далас Бајерс Клуб

- Џаред Лето, Најдобар Актер, Далас Бајерс Клуб

- Спајк Џонс, Најдобро оригинално сценарио, Неа

- Џон Ридли, Најдобро адаптирано сценарио, 12 години роб

- Крис Бук, Џенифер Ли и Питер Дел Веко, Најдобар долгометражен анимиран филм, Смрзнатото кралство

- Морган Невил, Гил Фрејзен и Катрин Роџерс, Најдобар документарен филм, 20 стапки од славата

- Кристен Андерсон - Лопез и Роберт Лопез, Најдобра филмска оригинална песна, "Let it go" од Смрзнатото кралство

- Адруита Ли и Робин Метјуз, Најдобра шминка и фризура, Далас Бајерс Клуб

- Скип Ливсеј, Најдобар звук, Гравитација

4 март 2014 - 21:12