20.000 долари по секунда за снимање на Лудиот Макс

Со проценета продукција од 150 милиони долари, Лудиот Макс годинава е најскапиот кандидат за Оскар за најдобар филм. Заедно со него годинава на оваа категорија се закачија уште два блокбастери.

Филмот трае 120 минути, кои распоредени низ овие 150 милиони, чинат 1,25 милиони долари по минута или 20.833 долари за секунда. Пресметката на Вокатив е дека за трошокот за 50 секунди од продукцијата на Лудиот Макс, човек може да купи квалитетен апартман на Менхетен со една спална соба.

Повратникот, инаку сниман без зелено платно и користејќи природно осветлување, го чинеше студиото 14.423 долари за секоја секунда во која Дикраприо се бореше со мечка или сакаше да се одмазди (или што и да е за да земе Оскар).

Марсовецот го затвора триото блокбастери, со цена од 12.500 долари за секунда, ама па затоа трае речиси 150 минути. На спротивниот крај од списокот е филмот Соба, со цена на продукција од 847 долари за секунда, или над 25 пати поевтино од Лудиот Макс.

Номинираните за најдобар филм, во 4 минути:

18 февруари 2016 - 16:00