Што ако бракот беше со рок на траење?

Идејата одамна функционира во некои од светските култури и религии, меѓутоа главна пречка за нејзино воведување во остатокот од светот е што целата работа ја имаме решено далеку подобро.

Баш по дефиниција, идејата за привремен брак ја има кај дел од Шиитите кои го практикуваат обичајот Мута или "брак од задоволство," кој дозволува заедницата меѓу мажот и жената заради задоволство, која ќе се растури на однапред одреден датум. Станува збор за арапска традиција од времето пред Исламот, во која рокот на траење го одредува секоја двојка посебно и тој може да се мери во минути, денови, месеци или години.

Сличен закон во 2011-та предложија законодавците на Мексико сити, кои во име на намалување на стапката на разводи предложија нова форма на бракови на кои по 2 години ќе им минува рокот на траење. Откако ќе мине овој период, партнерите ќе имаат право или да ја зацементираат својата врска во долготраен брак, или комплетно да се разидат без никакви обврски еден кон друг. И покрај добро намерноста, законот не беше изгласан.

Она што според професорите и психијатарите е главен проблем околу идејата е иронијата што регуларниот брак веќе и онака не преставува толку силна обврска како што тоа било некогаш.

На Западот ова е решено со воведувањето на "развод без виновник," што значи дека за поништување на бракот нема потреба да се докаже дека едниот партнер направил некаков престап.

Друг проблем е што повеќе нема потреба од привремени заедници бидејќи паровите најчесто живеат заедно пред да влезат во брак.

"Пред брачната заедница нуди поинаква форма на привремен брак. Паровите веќе биле сексуално интимни и имале заеднички живот пред да влезат во бракот. Бидејќи повеќе никој не го осудува живеењето заедно (надвор од брак), изгледа дека идејата за брак со датум на истекување никому не му треба," објаснува психијатарот за парови и професор на UCLA, Ендру Кристенсен.

21 март 2013 - 19:27