Развод од бајките

Разводите не мора да бидат гадни и трауматични. Босанката Дијана и нејзиниот довчерашен сопруг тврдат дека го имале најсреќниот развод на светот. Тој замина во прегратките на Ел Мекферсон а таа остана со 150 милиони фунти во џеб.

Роџер Џенкинс и Ел Мекферсон, снимени неодамна на Ибица

Британскиот финансиер Роџер Џенкинс галантно и остави половина од своето лично богатство кое се проценува на 300 милиони фунти на сопругата Дијана, бегалка од Босна, со која беше во брак 13 години.

На тој начин Дијана му се приклучи на на својот екс сопруг на листата 500 најбогати најбогати граѓани на Британија.

Дијана Џенкинс

"Дијана беше прекрасна сопруга и мајка на која секогаш ќе и се одушевувам," изјави 56 годишниот Џенкинс кој своето богатство го има спечалено со успешни финансиски потези во банката Беркли. И 19 години помладата Дијана која со Роџер има две деца има само пофални зборови за својот екс сопруг и вика дека баш му се радува што ужива во друштвото на поранешната манекенка Ел Мекферсон.

Двајцата сопружници сосема пријателски на половина поделија 25 милиони вредна куќа во Малибу, викендички во Сао Паоло, Лондон и Босна, јахти, автомобили и сè друго што поседуваа на име на мажот.

Тој за Баркли штотуку завршил една 4,5 милијарди вредна инвестициска зделка со Катар која ќе му донесе провизија од 30 милиони фунти.

Дијана е родена во едно предградие на Сараево и на островот дошла за време на војната, без скршена пара. Денес е угледна жена која води сопствени бизниси со познати брендови на пијачки а еден од најдобрите пријатели и е Џорџ Клуни.

 

 

 

Сараевската зграда во која е родена Дијана Џенкинс

 

 

30 јули 2012 - 08:27