Храна

Италијанците го изгубија „балсамико“

Производителите на оцет од Модена немаат ексклузивно право на терминот „балсамико“ и повеќе нема да можат да се тужакаат со конкуренти низ Европа што го користат овој назив.

Вегетаријански поглед на месо од лабораторија

Иако месо одгледано во лабораторија не е месо, тоа сепак не е толку „не месо“ како што на пример краставица не е месо, а со целиот ќар од не месо трендот доаѓаат и некои други проблеми.

Како најдобриот суши ресторан на светот остана без трите Мишелин ѕвезди

Без разлика што ништо немаат згрешено, по сопствена одлука, ресторанот Сукијабаши Џиро повеќе не е најдобриот во тефтерот на Мишелин.

Машала бебево, тешко ко олово

Тестирале околу 170 производи од четири категории бебешка храна. Во 95% од нив нашле тешки метали, најмногу олово. Заради изложеност на овие неуротоксини од храната, новите генерации масовно губат IQ поени, загуба која на национално ниво се изразува во милиони. 

Чедаргејт

Угледен француски готвач ги тужи Мишелин бидејќи смета дека неправедно му е одземена една ѕвезда. Тврди дека му се паднал недоветен рецензент на неговата храна кој помислил дека користи англиски кашкавал за француски специјалитет. А нема врска.

Понуда на денот: бургер и пари за погреб

За 29 фунти британски паб дава 12.000 калории спакувани во бургер и додатоци, а ако работите тргнат на многу лошо дава и пари за твојот погреб.

Шпанија на раб од гастрономска граѓанска војна

Како што горештините тлеат, а летото не минува, во Шпанија на површина почнуваат да излегуваат некои од најдлабоките линии на поделба на нацијата - краставица во гаспачо, да или не?

Што е постаро, јајцето или холестеролот?

Просечен консумент на вести, науката најчесто ја среќава кога е поврзана со исхраната. А тој вид на наука, најчесто нема блага врска со наука.

И бананите ги молзат, зарем не

Прво имаше млеко, млеко, главно од крави, нешто помалку од овци или кози. Потоа на мала врата успеа да се пробие млеко од соја, и тоа подотвори простор и за млеко од бадеми или ориз. Сега веќе не се знае кој што прави, а последно на списокот е млеко од банани, и сè тоа главно во име на нетолерантност кон лактоза.

Науката ви порачува дека погрешно го јадете јаболкото

Не е мал ќеифот да се пренесуваат вакви вести, имајќи ги на ум оние орди прехранбени талибанци кои имаат фетиш кон здравјето (ќе изедат говно од потполошка ако ги убедиш дека е здраво) и тоа колку канони до кои слепо се држеа, во последно време им беа ревидирани. Од рехабилитацијата на путерот и сланината, па до лустрацијата на чиата. За ова со јаболката, ако се фер и принципиелни, од утре ќе ги гледате како ги голтаат семките.

Морков од месо

Доаѓа од ланецот за брза храна Арбис, и за среќа за сега е само тролање на веганската плескавица со вкус на месо која воопшто не содржи месо, а како плевел се рашири низ американските ланци за брза храна.

Белото месо штотуку поцрвене

Сите знаеме дека да се јаде бело месо е каде-каде поздраво отколку да се јаде она црвеното. Е па, не.

Зошто пилешкото е толку евтино?

Многу работа во цената врши тоа што во секој даден момент на планетава има 23 милијарди кокошки / пилиња.

Веганство и затворска казна

Родителите што своите деца ги растат како вегани треба да бидат судски гонети, решија белгиските доктори по неколку смртни случаи на деца во тамошни училишта, јасли и болници.

Зошто патлиџанот е онаква тиква?

Како што добиваше на изглед, боја и сјај, доматот во последниов период  сè повеќе губеше на мирис и вкус. Тоа е толку болна загуба што кога денес човек ќе наиде на прав патлиџан, лицето му се озарува како да открил таен портал до своето детство. Зошто денешните немаат вкус? Како ќе имаат кога им фалат цирка 5.000 гени?  

Од јадење риба упропастивте сè живо во морињата

Како што луѓе почнаа од етички, здравствени и какви се не причини да се префрлаат од нормално месо на рибешко, така се започна и со разорувањето на живиот свет во морињата низ светот. И единствен начин назад е човек да се откаже од јадење риба.

Франција нема да џвака бело

Франција забранува еден од често употребуваните адитиви во исхраната и козметиката. Шифрата му е Е171. 

Сериозен пораз за природната селекција

Холандски производител на путер од кикирики мораше да повлече цела серија од еден свој бренд од супермаркетите во Британија затоа што на теглите немало предупредување дека путерот од кикирики може да предизвика алергија на кикирики.

Веге дискови за вас прекрасни вегани

Во време на изникнување на секакви идентитетски прашања низ светот, европските парламентарци одлучија да воведат ред и јасно да направат разлика што е месо, а што е трева, барем кај суровините за скара.

Пица е поздрав појадок од зашеќерени житарки

Целата логика се базира на тоа дека наутро сирење, салца, вода, сол, зејтин брашно и квасец , се поздрави отколку кутија житарки преполни со шеќер. Ако тие ти се единствените два избора што ги имаш на располагање.

Месото од епрувета падна и на тестот за загадување

Откако прво и основно падна на тестот за месо, решението за глобалниот проблем со загадувањето од стока не успеа да заврши една од главните работи што се очекуваше од него - помалку да загадува од вистинско месо.

Секој жител на ЕУ годишно фрла 173 килограми храна

Речиси една третина од целопкупно произведената храна во светот се фрла, што заради прекумерно купување, дилеми околу рокот на траење или „естетски“ замерки. На таа основа ЕУ фрла 143 милијарди годишно.

Стариот има нов совет

Од грижа на совест што неговиот прв совет комплетно го игнориравме и ич не го применивме во нашите животи, бевме зарекнати дека ако стариот има и друг совет, тој слепо ќе го слушаме, каков и да е. И види чудо, има! Да видиме што ни се падна.

Диета со која ќе ја спасите планетава

Откако со децении килаво проаѓаат сите диети зад кои мотивацијата за слабеење е лична, научниците развиле диета која ветува дека оваа планета ќе може да прехрани 10 милијарди луѓе. Со други зборови, кога ќе сакате да загризете во оној ваш омилен колач, сочно парче месо, пастрмалија или што и да е што вам ви прави лиги, треба да си кажете: „Ама така ќе нема за сите!“. Наука ако не те насмее, кој?