За дескаџијата во вас

Една работа за која не се добри таблет компјутерите е пишувањето. Не се лоши генерално, ама се далеку поглупи од користење на регуларна тастатура. И за тоа има (многу фенси) решение.

Спасот доаѓа во форма на iTypewriter (не е апликација), додаток за Ајпад во форма на машина за пишување, која буквално ги чука вашите зборови на Ајпадот.

Производот е дело на Колеџот за уметност во Единбург.

Машината е направена да дава што е можно поавтентично чувство. Самите копчиња даваат отпор како копчиња на машина за пишување, а го имаат и автентичниот звук.

Единствена слаба страна на играчката е што не дозволува брзо да се пишува.

22 август 2012 - 15:20