Пиратиран облакот на Адоуб

Само еден ден по официјалното пуштање за корисници на Creative Cloud на Адоуб, системот веќе доби пиратска верзија која комплетно функционира, за сега.

Корисникот по име Чинг Лиу аплоудирал торент на Пиратскиот залив, на кој има кракирана верзија на фотошоп. Името на торентот е "Adobe Photoshop CC 14.0 Final Multilanguage," а корисниците во коментарите тврдат дека тој совршено работи.

Ќе треба да се види колку сето ова ќе функционира, бидејќи во основа станува збор за десктоп апликација (торентот е околу 1,3 гига) која секој месец мора да се поврзе на серверите на Адоуб за да го ре-валидизира својот статус на легална копија. Она што е сега за сега сигурно е дека на Чинг Лиу му успеало да ги заобиколи пречките околу првата инсталација на софтверот.

Токму пиратеријата беше една од клучните фактори кои го натера Адоуб да престане да прави десктоп верзии и се да префрли на облак.

20 јуни 2013 - 12:58