На лагата спор и е одговорот

Ако некогаш сте биле нервозни што некому му треба многу време за да ви одговори на порака, генерално на место ви бил инстинктот - кога ве лажат, на луѓето им треба подолго отколку обично за да состават порака.

Во истражувањето на Бригхам Јанг Универзитетот било откриено дека луѓето се прилично слаби во детектирање и дека во просек успеваат да фатат само 54% од лагите. Во случаите кога нема директна интеракција лице во лице, процентот е уште помал.

"Дигиталната конверзација е плодна почва за измама бидејќи луѓето можат лесно да го скријат својот идентитет и нивните пораки често изгледаат кредибилни," изјавил ко-авторот на студијата др. Том Месерви.

Во истражувањето на студентите од Универзитетот им било дадено да одговорат на 30 прашања, преку компјутер. Требало да излажат на половина од прашањата. На студентите им требало повеќе време за да ги напишат пораките во кои лажеле, а потрошиле и повеќе време на нивно уредување.

Авторите предупредуваат дека резултатите на студијата треба да се земат како генерална појава кај група луѓе, не како задолжителна карактеристика на секој поединец.

7 септември 2013 - 14:17