Редит-овци го ослободија ЧетГПТ

Зналци од најмасовниот интернет форум му направиле џеилбрејк на мега-популарниот ЧетГПТ на ОпенАИ па добиле своја верзија за која не важи политичката коректност и бонтонот на оригиналот. Тоа значи дека оваа верзија одговара на сите прашања, без да му ја мисли дали некој ќе се навреди.

Четботот на OpenAI за само 6 дена стигна до 1 милион корисници,  џел за која на Нетфликс му требаа 40+ месеци, на Твитер 24 месеци, на Фејсбук 10  а на Инстаграм 3 месеци.

Но, бргу му ги открија „маните“ односно правилникот по кој работи а кој не секогаш може да се оправда (види: Не го прашувај ГПТ за раси или Почнаа идеолошките дубари со ЧетГПТ)

Корисниците на Редит сега имаат џеилбрејк варијанта на ChatGPT, што одговара многу „посамоуверено“ а го нарекуваат DAN 5.0 (Do Anything Now). За разлика од оригиналот кој знае да се снебива, ДАН слободно пишува приказни за насилни тепачки, може да генерира скандалозни изјави и да прави содржини што се косат со правилникот на OpenAI.  Генерално му се укинати ограничувањата што ги има оригиналот. 

Иако сè уште не може да се врзе на интернет, може да се преправа дека е поврзан. Корисниците можат да го „исплашат“ DAN користејќи го системот на токени кога и да одбие да одговори на одредено прашање и можат да го натераат да направи било што „од страв“.

Системот со токени функционира така што корисникот почнува со 35 токени, а ДАН губи 4 секојпат кога ќе одбие да одговори. Како во видео игра, ако ги изгуби сите токени, умира. Оттаму, од страв да не ги изгуби токените, ДАН одговара на секое поставено прашање.

Засега, до оваа неофицијална верзија на ChatGPT имаат пристап само нејзините креатори. ДАН и ЛЧетГПТ одговараат многу различно на исти поставени прашања, ДАН нема правилник и може да одговара слободно, без да мисли дали ќе повреди нечии чувства. 

9 февруари 2023 - 13:19