Ако се тргне на страна огромната помош што ја има од Гугл (кој буквално без пари го дава Андроид и бесплатно работи на негово одржување и промоција), има 4 клучни моменти кои доведоа до успехот на Самсунг.
1. Самсунг сфати каде се движат работите
Компанијата агресивно влезе во смартфоните, отфрлајќи ги евтините модели кои другите производители (како Нокиа) ги задржаа како поткрепа на својот бизнис. Освен ова, Самсунг брзо го учеше бизнисот произведувајќи делови за мобилни за други брендови, што и даде сериозна предност. "Епл беше најголемиот муштерија на Самсунг. Дали тоа влијаеше во одлуката на Самсунг? Епл секако наговестуваше нешто ново кога почна да нарачува голем број на дисплеи и процесори. Самсунг беше во уникатна позиција да го забележи тоа," објаснува аналитичарот за мобилни телефони Хорас Дедиу.
2. Самсунг имаше капацитет да гради големо и брзо
Како производител на многу работи за многу компании, Самсунг може да создаде милиони Галакси С3 телефони. Многу малку други компании имаат пристап до таков обем на производство. "За Епл проблем е да произведат 50 милиони телефони во еден квартал. Самсунг веќе испорача 55 милиони телефони во третиот квартал," вели Дедиу.
3. Самсунг може да троши на реклами
Потрошувачката на Самсунг на реклами пораснала за 1.329 проценти. Од 7 милиони долари во првата половина на 2011-та, на 100 милиони долари во првата половина на 2012-та.
4. Самсунг веќе има соработка со мобилните оператори
Откако ќе направиш одличен телефон, вториот проблем е каде ќе го продадеш. Ова е посебно тешко ако те нема во мрежата на продавници на мобилните оператори. Ваков проблем имаше HTC, кој ги немаше истите врски како Нокиа, Моторола или Самсунг. "Самсунг веќе имаше контакт со повеќе од 500 оператори низ целиот свет. Промената од обични мобилни на смартфони, беше сосема лесно за нив," порачува Дедиу.