Зошто затворот е победа за Брејвик

Во глобала, Брејвик не можеше да мине подобро. Доби казна што ја посакуваше, која ќе ја отслужува во ќелија што е подобра од соба во нашиве студентски домови.

77-те жртви на Брејвик

Победата на Брејвик во целото судење е што е прогласен за "пресметлив" и доби максимална затворска казна. Тој од старт не стравуваше од затвор туку од тоа дека ќе биде прогласен за "непресметлив" и дека тоа што го направил е дело на лудак.

Вака останува тврдењето на Брејвик дека нападот бил дел од војната против мултикултурализмот во Норвешка и против владата која дозволила странците да извршат инвазија на земјата.

вежбалната на Брејвик

Инаку, Брејвик казната ќе ја отслужи во затворот Ила, во кој само за него е изграден посебен дел. Просторот во кој ќе ги мине следните 21 година има е поделен на три простории, во кои е вклучен тоалет, мини вежбална и работна соба со биро и компјутер, на кој нема да има пристап до интернет.

Она на што Брејвик сериозно може да заглави е ако владата одлучи дека по тие 21 година тој е опасност за општеството. Во тој случај, тој може неограничено да биде задржан во затвор.

работната соба на Брејвик

24 август 2012 - 14:43