Водич за Блискиот Исток за збунети

Не ви е баш јасно што се случува на Блискиот Исток? Не се секирајте, истражувачки тим на тн. „Институт за интернет дијаграми" создаде интерактивна слика која ги сумира геополитичките сојузништва во древниот регион од мезозоик до денес.

Дијаграмот јасно ги исцртува релациите помеѓу главните играчи како и оние со надворешните сили, како САД или Русија, кои се длабоко замешани во регионот. Најдобро е да се гледа користејќи 3Д наочари, но и без нив функционира.

Битна забелешка: врските прикажани на дијаграмот следат логички шеми кои отсликуваат геополитички интереси, партнерства и конфликти. На пример, САД се очигледно пријателски настрони кон Иран. Во Ирак. Но Америка е на спротивната страна во конфликтот во Јемен. Во Сирија, САД и Иран се ем против, ем во заедништво, во зависност од исходот на нуклеарните преговори.

Присилен да одбере помеѓу тоа да се конфронтира или да се смири со Иран, Обама одбра да ги стори обете, сметајќи дека барем една од овие политики е исправната. И покрај критиките на конзервативците, овој начин на размислување е прилично популарен на Блискиот Исток, како што е отсликано и во старата поговорка „Може и да го имаш колачето, и да го изедеш".

Со внимателно следење на линиите, една по една, може да видите дека Египет и Катар се непријателски настроени едни кон други, освен во Јемен кадешто сега се сојузници; Саудиска Арабија е и подржувач на ИСИС но и ги бомбардира, а Либија е сам свој најголем непријател. Но најдобро е да си донесете свои заклучоци, за разбирање на дијаграмот се потребни само три минути. По што ќе бидете квалификувани да го советувате Обама за блискоисточна политика.

21 јули 2015 - 17:18