Во Русија торнадо од комарци

Милиони комарци на полуостровот Камчатка формираа подвижни вртлози налик торнадо, затемнувајќи го небото и блокирајќи го сонцето.

Според локалците станува збор за јата комарци кои доаѓаат од истокот од брегот на Беринговото море. Експертите за бубачки пак објаснуваат дека целиот настан е сосема природен и „тоа се машки комарци кои кружат околу неколкуте женки за да се парат со нив.“

Тоа што не е природно во целиот настан е бројноста на комарците, што се должи на високите температури предизвикани од глобалното затоплување. Зголемените температури на Сибир обезбедуваат и подолга сезона на парење на комарците, што резултира со уште поголема популација.

Локалците раскажуваат дека облакот комарци се простирал неколку стотици метри, и дека имало барем неколку „џиновски столбови“ од комарци.

Наездата се очекува да трае до крајот на сезоната на парење, по што комарците ќе се распрскаат кон тероризирање на тој дел од светот.

21 јули 2021 - 09:52