Во Мелбурн се здробија од тепање

По неколку недели главно викенд протести против затворањето по дома и вакцинирањето, судирите ескалираа откако беше воведено задолжително вакцинирање на градежниците во земјата, и сега речиси една недела не се престанати со протести и тепање.

Еден од протестите кој се одвива веќе трет ден по ред е за заземање на Воениот споменик во Мелбурн, каде денес полицијата и демонстрантите имаа речиси 3 часовен судир, кој заврши со над 200 уапсени.

За разлика од претходните денови во кои преовладуваа градежници во светликави елеци, овој пат толпата беше поразнолика и составена од луѓе со поразлична позадина и мотивација (меѓу другите и нео-нацисти и анти-ваксери).

Освен на споменикот полицијата интервенира и низ центарот на градот каде расчистува групи од демонстранти.

По првичното насилство од понеделникот меѓу градежните работници и полицијата, владата на сојузната држава Викторија нареди затворање на сите активни градилишта за период од две недели. Како што објаснува премиерот на Викторија, „денес има поголем број на случаи во градежниот сектор, отколку што има во старечки домови.

Во бројки, во изминативе два месеца во градежниот сектор кој вработува 320 илјади работници има 350 случаи на ковид-19 на 150 различни градилишта.

22 септември 2021 - 16:06