Во Италија почнаа да пржат цените на гасот

Подобро ќе ми беше цел јули да бидам на плажа, јаука сопственикот на италијанска фабрика за конзервирано овошје и зеленчук од Салерно на кого пред некој ден му стигнала јулската сметка за гас, во износ од неполн милион евра.

Франческо Франкезе, првиот човек на „Ла Фиаманте“ на социјалните мрежи ги извади сметките за гас од јули 2021 и јули 2022. Првата е нешто над 120.000 евра за еден месец, втората е нешто под 980.000 евра.

Франкезе нагласува дека во 2021 парите ги дал за 20 дена работење на погоните, а во 2022 за само 15 дена вртење на машините.

„Додека политичарите се борат за фотеља, бизнисите се оставени сами сред енергетската џунгла. Сметка за гас од речиси 1 милион евра, речиси 10 пати повеќе од сумата што ја платив за истиот период во 2021,“ напишал Франкезе.

Гневот е и дека паралелно со сметките за производителите расте и профитот на државната енергетска компанија Ени. Во исто време процените се дека цените на кутиите се пораснати за 80%, доматите за +30%, пакувањето, налепниците и слично за 25%, а плус на тоа е и превозот.

19 август 2022 - 09:58