Венеција на суво

Над 150 канали во Венеција се пресушени, сосе гондолите заглавени на дното, откако изминатиов период градот е погоден од ретко забележана осека на околното море.

Тамошните метеоролози објаснуваат дека извонредно ниското ниво на водата не е директен резултат на сушата што го има зафатено регионот во изминатите месеци, меѓутоа тоа секако помогнало во празнењето.

Сегашната суша во Италија е продолжение на летната суша што ја зафати земјата која доведе до прогласување вонредна состојба. Заради сушата реки како По и езерото Комо имаат невообичаено ниски нивоа на вода.

Минатиот викенд плимата во Венеција била повеќе од половина метар под нормалното ниво, а некои локации биле целосно недостапни за чамците и гондолите, вклучително и болничките чамци.

Стандардно низ историјата Венеција константно има проблеми со преголеми бранови, а во 2019 градот го зафаќа плима и поплава која предизвика штета од над 1 милијарда долари. Венеција веќе работи на МОСЕ проектот против поплавување, кој треба да биде готов до крајот на 2023.

22 февруари 2023 - 09:42