Света Софија, 25 евра, бујрум

Странските туристи кои ќе влегуваат во некогашната православна соборна црква Света Софија во Истанбул, во иднина ќе треба да почнат да плаќаат влезници од 25 евра, соопшти турското министерство за култура и туризам.

1.500 години старата црква, која беше претворена во џамија, па потоа во музеј, за во 2020 Ердоган повторно да ја претвори во џамија, годишно има околу 3,5 милиони посетители.

Со новите правила предвидено е влезници да плаќаат само туристите, додека турските државјани кои ја користат Аја Софија за религиозни обреди и понатаму ќе влегуваат бесплатно, од посебен влез.

Наплатните пунктови веќе се поставени околу Света Софија како дел од градежните работи што се вршеа околу неа.

Освен наплатни точки, на објектот се додадени и безбедносни камери, противпожарни системи и системи за комуникација, надополнети со заштитни мерки околу рутата по кој одат туристите што го посетуваат споменикот.

16 јануари 2024 - 12:38