Стара норвешка: Со пушки да не фрлате

Норвешките полицајци лани пукале само два пати. Во обата случаи промашиле.

Норвешката влада ја обелодени статистиката за употребата на огнено оружје на нивната полиција. Во текот на 2014-та, норвешките полицајци вкупно 42 пати се заканиле дека ќе употребат оружје. Заканата ја исполниле вкупно два пати и притоа никој не бил ниту ранет ниту убиен.

Извештајот за минатата година е најдобар скор во историјата на норвешката полиција од аспект на прибегнување на вакви мерки. Ова е 10-ти пат во последните 12 години како ниедно лице не загинало во престрелка со полицијата.

Дури и во 2011-та, онаа година кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе, главно деца, полицијата испукала само еден куршум, ранувајќи едно лице. А тоа не беше Брејвик кој сам се предаде без пукотници со силите на редот.

Заради споредба за своите читатели, Вашингтон Пост наведува дека во текот на оваа година, во САД од полиција загинале преку 400 лица.

11 јули 2015 - 23:11