Сметката од забавата на Обама

Демократската конвенција заврши, тие што требаа да зборат, збореа, тие што требаа да аплаудираат, аплаудираа. Сега дојде ред да викнат сметка.

По целото славење и донирање, Демократите останаа 5 милиони долари пократки во собрани донации, со што вкупната сметка што треба да ја платат за одржувањето на конвенцијата, изнесува 15 милиони долари.

Парите најверојатно ќе треба да ги плати кампањата на Обама, а не Демократската партија (буџетот им е одвоен).

Минусот во балансот делумно е и заради одлуката на Демократите да ги одбијат донациите од корпорациите.

Републиканската кампања, чинеше меѓу 8 и 10 милиони долари и без проблем беше платена од организаторот. Републиканците веќе цело лето имаат сериозна предност пред Обама во собирањето на донации.

8 септември 2012 - 19:40