Шампионите на Москва

Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.

Шампионот се вика Марат Тамбиев кој бил задолжен за Тверскиот реон на централна Москва, и кој се сомничи дека за време на својот мандат товарил 1.032 биткоини (во вредност 30,5 милиони долари во времето кога е дадено митото, или 27 милиони по денешен курс).

Истрагата против 35-годишниот Тамбиев почнува по информацијата дека почнал да бара мито без осет со почетна сума од 10 милиони рубљи (околу 120.000 долари).

Како дел од истрагата е запленет негов компјутер, на кој имало папка по име „Пензија“ во која биле запишани информациите за пристап до неговиот електронски новчаник каде ги чувал криптовалутите.

Наводно парите се прибрани на 7 април од членови на хакерската група Инфрод ораганизејшн, обвинети за кривично дело. За добиените пари, Тамбиев требало на суд да не побара запленување на средствата на обвинетите.

Комерсант пишува дека се работи за рекордна сума на мито, споредувајќи го со претходниот шампион од 2016 исто така од Москва, но полковник во полиција, кој земал мито во износ од околу 17 милиони долари.

6 јуни 2023 - 11:11