Сега и демократите бараат истрага против Хилари

Како и сите други, и изненадувачки големо мнозинство од демократите, побарале истрага против Хилари Клинтон, на анкета правена дури и пред да се објави последниот извештај на Дурам за Хилари и хакирањето на Трамп.

Во истражувањето спроведено од Институтот за политики и политика од Њу Џерси, речиси 75% од сите испитаници изјавиле дека е важно Хилари да биде истражена за нејзината улога во Русијагејт скандалот заедно со нејзините високи советници.

Поделено по категории, од анкетираните демократи 66% се согласуваат со ова, што е за 22% повеќе отколку на анкетата од октомври.

Ако во октомври 80% од анкетираните републиканци барале Хилари да одговара за својата улога во Русијагејт, во јануари тоа скокнало на 91%. Раст има и кај независните во анкетата од 65 на 74 проценти.

Уште минатата година Дурам го обвини соработникот на кампањата на Хилари, Игор Данченко, дека наводно лажел околу изворот на информациите во Стилер досието што помогнал да се состави а чија цел беше Трамп да се покаже како агент на Кремљ. Данченко, кој беше уапсен во октомври, според обвинението „комплетно го измислил изворот на најексплозивните обвинувања во досието“.

Пред некој ден Џон Дурам објави нови обвиненија според кои адвокат кој работел за правниот тим на кампањата на Хилари, ангажирал ИТ експерти за „инфилтрирање“ во серверите на Трамп кулата и Белата куќа со цел откривање на докази за поврзаноста на Трамп со Русија.

Една работа околу која се согласиле и демократите и републиканците во анкетата (по 71% од двете страни) е дека семејството на претседателот Бајден треба да биде држено на дистанца од Белата куќа и советниците во неа.

16 февруари 2022 - 13:15