Сајтот што сака да ја уништи мафијата

Во последниве 200 и нешто години колку што постои италијанската мафија, нејзино неспоредливо најмоќно оружје е "омерта" - непишаниот кодекс на молчење базиран на крајно реален страв за сопствениот живот. 2 века подоцна, интернетот е на пат да ја порази омертата.

Основачите на МафијаЛикс го замислуваат сајтот како посредник меѓу оние кои имаат информација за мафијата и оние кои може да реагираат во врска со информацијата, како новинари, полиција, обвинителство.

"Целта да експериментираме со иновативни технологии и да се обидеме да го срушиме ѕидот на омерта и на молкот кој ја штити мафијата. Ги повикуваме сите граѓани: Ако знаете нешто, кажете нешто," пишува на манифестот на сајтот.

Сајтот користи иста технологија како и ВикиЛикс (слободен софтвер платформата GlobalLeaks) која гарантира дека човекот кој ја дал информацијата ќе остане анонимен. Дури ни администраторите на сајтот не знаат кои се луѓето што објавиле информацијата. Како дополна на ова, страната за давање информации не е достапна ако го немате анонимниот браусер Тор.

Целта на сајтот се сегашни и поранешни членови на мафијата кои не се согласуваат со активностите на нивната група, ама се плашат да одат во полиција.

Основачот на сајтот во енкртипитран разговор со Мешабл изјавил дека на него работат 5 до 10 луѓе и дека тој се наоѓа во француска компанија за хостинг, меѓутоа под лажно име.

Идејата за сајтот доаѓа кога еден од основачите (со псевдоним Андреа) од странство се враќа да живее во својот роден град во северна Италија. Разговарајќи со соседите зошто нивниот семеен бизнис затворил, тие ја посочиле мафијата и рекетот што го вршела. Шокиран од тоа што на Италијанците ова им станало нормална работа, тој со уште неколку пријатели почнува да работи на идеја за сајтот.

8 ноември 2013 - 19:29