Руското „ако е не сакајќи не се важи“

Во долниот дом на Думата мина предлогот со кој се главно се простува корупција кој се случила не сакајќи, и ги опфаќа речиси сите што работат државно.

Функционери, судии, обвинители, воени лица и други поединци во иднина нема да може да одговараат за корупција во случаи кога тие не можеле да ги контролираат околностите под кои корупцијата се случила.

Законот предвидува дека и понатаму секој случај на корупција ќе биде истражуван од државните органи, меѓутоа главна цел на истрагата ќе биде да се утврди дали тоа се случило не сакајќи или за време на околности кои не може да се контролираат (природни катастрофи).

Доколку корупцијата се случила „не сакајќи“ тие што го направиле тоа ќе треба да ја коригираат својата постапка во рок од 1 месец по завршување на настанот кој ги попречил.

Ова главно се однесува на членовите во анти-корупциските закони на Русија кои забрануваат задоцнето поднесување на годишна даночно пријава. Па сега, олеснување во овие случаи ќе биде само природна катастрофа.

15 март 2021 - 16:05