Руски трговски центри се претвораат во фабрики за дронови

Трговски центар во нешто што се нарекува Централна Русија, во градот Ижевск, ќе биде третиот таков објект во земјата што изминатава година е пренаменет во фабрика за дронови.

Трговскиот центар Столитса неодамна бил купен од рускиот производител на дронови Аероскан, по што кираџиите биле известени дека наемот ќе им биде прекинат на 15. октомври.

Аероскан почна со купување трговски центри во Ижевск уште минатата година. Тогаш на кираџиите им беше даден рок да се иселат до 31 јануари 2023.

Во истиот град работи и ИЗХБС, уште еден производител на дронови кој минатата година исто така купи трговски центар.

Сопствениците на Аероскан уште во 2020 предлагаа купување на трговски центри и нивна пренамена во погони за производство на дронови. Идејата беше акутелизирана минатата година кога голем број трговски центри се испразнија по егзодусот на западните компании од Русија заради инвазијата на Украина.

26 септември 2023 - 14:19