Првиот руски шпион пробува да ги спука Украинците и Полјаците

Директорот на руското странско разузнавање, Сергеј Наришкин, кој јавно беше прекоруван од Путин дека не си ја завршил работата, тврди дека Полска се подготвува за анектирање на украинска територија.

Наришкин тврди дека Варшава веќе има разработено план да спроведе референдум за припојување на делови од западна Украина кон Полска.

Наводно дел од полските разузнавачки служби  имаат протечено до украинските медиуми информација за одржување референдум во регионот на Лавов.

„Реакцијата на поголемите регионални играчи и обични граѓани треба да биде внимателно следена и анализирана,“ изјавил Наришкин во интервјуто за државната РИА.

Според него во игра се териториите околу Лавов, Ивано-Франковск и најголемиот дел од Тернопил регионот.

Наришкин е човекот на кого Путин му свика за време на седната на рускиот Совет за безбедност во деновите пред војната кога се решаваше дали да се признае независноста на Донецк и Луганск. Името на Наришкин, како директор на надворешното разузнавање, често се споменува како еден од главните виновници за неуспехот на руската инвазија кои на Путин му претставиле погрешна слика за подготвеноста на украинската армија пред војната и наклонетоста на тамошното население кон Русија.

1 декември 2022 - 16:04