Принцезата што не сакаше фактури

Без разлика дали си принцеза и дали имаш дипломатски пасош, повторно важи правилото дека мора да ја платиш сметката за хотел, посебно ако сметката е 7,4 милиони долари.

Минатата недела саудиската принцеза Маха Ал-Судани е фатена како се обидува да избега од еден луксузен хотел во Париз, во кој била сместена од декември минатата година.

Еден од главните проблеми во "бегството" на принцезата бил што таа со себе имала и придружба од 60 лица, со кои веќе половина година престојувале во 41 соба во хотелот Шангри-ла.

Кога полицијата пристигнала на местото, Ал Судани уште го товарала својот багаж во колоната лимузини. Благодарејќи на нејзиниот дипломатски имунитет таа не била уапсена, а хотелот на крај си ги добил парите.

Оваа принцеза 2 години имаше забрана за излегување од кралската палата, заради правење преголеми сметки низ светот. Престојот во хотелот во Париз беше дел од нејзиното "условно."

5 јуни 2012 - 10:25