Принцезата и грдата сестра

Карл Лагерфелд со уште една аристократски зла забелешка беспрекорно ја продолжува својата трансформација, од моден дизајнер во стара баба.

Во интервју за Сан, Лагерфелд признал дека од сестрите Мидлтон, само принцезата му прави мерак, додека таа другата му личи како да "се мачи" со својот изглед (а Вилијам е "она момче").

"Кејт Мидлтон има убава силуета и таа е права девојка за она момчено. Ми се допаѓаат такви жени, со романтична убавина. Од друга страна, сестра и се мачи. Не ми се допаѓа нејзиното лице, би требала да ја покажува само својата задна страна," порачал дизајнерот.

Тој посебно ја пофалил Викторија Бекам, за тоа како успеала да ја задржи линијата и после 4 деца.

"Такво тело... после 4 деца. Нема многу луѓе што можат да имаат такво тело. Многу е дисциплинирана," пофалил Лагерфелд.

Овој пат, не дал никаква забелешка за дебели манекенки, пејачки и слично.

1 август 2012 - 19:42