Правосмукалка за кинеските неба

11 милионски град во Кина е затворен заради неподнослива загаденост на воздухот. Во Пекинг веќе се работи на систем на гигантски правосмукалки кои би го цицале смогот од воздухот.

Во најголемиот град со североисточна Кина е забележана 40 пати поголема загаденост од дозволените стандарди по што се затворени голем дел институции и сите основни и средни училишта. Затворени се и аеродромите бидејќи видливоста во Харбин паднала под 10 метри.

Неодамна Пекинг воведе чифт- тек режим на ссобраќај а во зимските месеци градските власти редовно ги советуваат луѓето да не излегуваат надвор без особена потреба.

Надежите лежат во една мешавина фантазија и технологија која им ја нуди холандскиот дизајнер во вид на огромни електронски цицалки кои би го смукале смогот од небото над кинеските градови.

Системот користи бакарни кола за да се создаде електрицитет кој би ги привлекувал честичките кои го загадуваат воздухот и веќе се тестира во едекин пекиншки парк. Честичките се електризираат и паѓаат на земја а велат дека на овој начин можат во смогот да се направат чисти тунели широки 60 метри.

Демонстрација на системот во затворен простор:

Подолу се две фотки снимени во период од само 10 дена. Поглед на 75 метарскиот солитер во градот Шенјанг, октомври 2013:

22 октомври 2013 - 10:31