Окупацијата на Л.А.

Во основа човеков планирал да почне војна против Америка, само му фалело да го пројде обезбедувањето на аеродром без да го фатат.

28-годишниот Јонда Хуанг, е уапсен на аеродромот во Лос Анџелес откако бил забележан дека под својот мантил носи панцир.

При проверката кај него биле најдени:

- димна бомба
- нож
- безбол палка
- мала секира
- гас маска
- лисици
- дебела лента за лепење
- заштитно одело

Освен целата оваа опрема на симнувањето од летот од Токио, тој под мантилот имал и штитници за колена, како и огнотпорна заштита за потколениците.

Хуанг кој е жител на САД од кинеско потекло, веќе некое време живеел во Јапонија, но неговото постојано живеалиште е во Бостон.

Тој и понатаму одбива да соработува со полицијата, која нема никаква информација која била неговата намера.

10 октомври 2012 - 09:12