Најскапото оружје на светот

И покрај економската криза, Пентагон ја извршува најскапата нарачка на оружје во историјата на човештвото тешка 400 милијарди долари. И малку е.

На почетокот на веков, американскиот Пентагон започна со најамбициозната воена програма на сите времиња, нарачувајќи 2.866 авиони од типот F-35. Последниот додаток на нарачката вклучува намалување на парчињата за околу 400 авиони но затоа првичната сума од 233 милијарди долари сега е речиси двојно покачена.

Загрижените ја нарекуваат целата идеја "Борбените авиони кои го јадат Пентагон" и велат дека нарачката на овие ловци е одличен пример дека на Пентагон мора да му се скратат средствата.

Набавките на Пентагон се буткани со силно лоби поврзано со произведувачите кое успева секогаш кога се најавуваат буџетски кратења да ја наметнат темата за загрозената национална безбедност, опасноста од терористите или пак губење на воената доминација во однос на Кина или Русија.

Грандоманската нарачка на стелтовите Ф35 е уште понелогична ако се знае дека овие модели и натаму имаат сериозни проблеми; со оружјето, софтверот, перформансите на пилотските кациги и сл.

Буџетскиот аналитичар Винслоу Вилер тврди дека комплетната годишна програма за одржување на ескадрилата од овој тип, јаде 1,5 билијарди долари што е повеќе од вкупниот годишен бруто производ на Шпанија.

19 февруари 2013 - 11:23