Награда за мир отслужена со ропство

Надја Мурад е добитничка на годинешната Вацлав Хавел наградата за човекови права, за нејзината работа на заштита на Јазидите од ИСИС. Мурат три месеци беше робинка на ИСИС, која за цело време на своето ропство е сексуално малтретирана од повеќе терористи.

23 годишната Мурад е заробена од ИСИС во 2014, по што е подложена на сексуална и физичка тортура. Кога прв пат се обидува да избега, таа е фатена и им е предадена на група од 6 ИСИС милитанти кои ја силуваат се додека не изгубила свест.

По три месеци притвор Мурад успева да избега. Таа истовремено е првиот поранешен заробеник кој е назначен за Амбасадор на добрата волја на Обединетите нации.

Мурад е една од над 5.000 Јазиди жени што се заробени од ИСИС во периодот кога групата го освојува Ирак. Освен заробените жени, ИСИС убива илјадници мажи и момчиња од Јазидите, вклучувајќи ги и 6-те браќа на Мурад.

За време на говорот по повод наградата таа повикала оформување на специјален суд за криминалите сторени од милитантите на ИСИС. Таа исто така побара и нападот врз Јазидите во 2014 да биде прогласен за геноцид.

Наградата ја доделува Советот на Европа, а со неа следува и паричен надомест од 60.000 евра.

13 октомври 2016 - 16:07