На шипка црн народ

Топлес танчарките на еден од најпознатите ноќни клубови на Париз, решија да започнат штрајк затоа што не биле доволно платени за да го покажат она што го покажуваат.

За прв пат во историјата на Крејзи Хорс, клубот под притисок на штрајкот одлучи да го откаже шоуто во вторник и среда.

"Тоа е извонредно место, чија специјалност е комплетно голо шоу. Она што е погрешно, е што треба да работиме 24 дена месечно за таква мизерна плата," изјавила Сузан, една од танчарките.

Во меѓувреме, на гостите со влезници за вторник или среда ќе им биде понудено враќање на парите или резервација на друг датум.

18 мај 2012 - 09:51