Муслиманките во Британија мора да зборуваат англиски

Треба да им се спротивставиме на сите муслимански мажи кои со себе носат "назадно" однесување кон жените, што не е карактеристично со земјите и времето во кое живеат, порача религиозно и родово освестениот премиер на Британија.

Дејвид Камерон во текст за британски Тајмс пишува како не може да верува дека во неговата земја присилните бракови и осакатувањето на половите органи се редовна пракса, и како тоа уште се дозволува изолација на муслиманките од британското секојдневие.

Камерон потсетува дека вредностите на Британците е тоа што ја прави Британија она што е, и дека треба да се спротивстават на сите обиди тие вредности да се променат.

"Ова е Британија. Во оваа земја, жените и девојките се слободни да избираат како ќе живеат, како ќе се облекуваат и кого ќе сакаат. Нашите вредности се она што ја прават оваа земја тоа што е, и само со истрајна борба за нив тие ќе продолжат да опстојуваат," пишува Камерон.

Тој објави дека владата на Британија ќе финансира програма од 20 милиони фунти која треба да им помогне на 22% од муслиманките во Британија, да научат или да го подобрат својот англиски.

Муслиманите во Британија кои се на привремен престој на островот не треба да чувствуваат никаков притисок да учат англиски, бидејќи тоа важи само за тие што сакаат да ја продолжат својата виза за престој во Британија или пак да добијат државјанство, што како множество ги опфаќа сите муслимански имигранти во Британија.

18 јануари 2016 - 17:48