Меркел во пензија, навистина во пензија

Поранешната господарка на ЕУ вработена на позицијата Канцелар на Германија ја одбила понудата уште некоја година да поработи ама во Обединетите нации.

67-годишната Меркел лично му се јавила на генералниот секретар Антонио Гутереш за да му се заблагодари за работното место што и го понуди во писмото испратено до нејзе и да го извести дека нема да го прифати.

Понудата за Меркел била место во високо советничко тело на ОН кое се занимава со глобални јавни добра, што е еден од главни реформски проекти на Гутереш, и се занимава со теми како озонскиот слој, вакцини и отпад во вселената.

Последната работа на Меркел пред пензија беше 16-годишно владеење со Германија, по што позицијата ја предаде на социјал-демократот Олаф Шулц.

Во интервју за Шпигел Меркл изјави дека заедно со својот долгогодишен помошник пишува политички мемоар. Кога замина од позицијата во декември 2021 Меркел изјави дека повеќе нема да биде вмешана во политика и планот и е да спие и да чита.

19 јануари 2022 - 14:45