Лекции за лидерството во скршениот свет

Постои потреба за водачи кои сфаќаат дека лидерството не се наметнува со декрет, туку низ промислено дејствување. Ако тој вакум не го пополнат такви водачи, ќе го пополнат некои сосема поинакви. А празнината во лидерството ја нагризува довербата меѓу државите и нивното население - најголемата причина за масовната миграција изминативе децении.

Некогаш, концептот на лидерство беше прилично едноставен: главата на куќата беше крал, а неговиот збор беше конечен. Немаше посредување, или аргументација, или конфузија кој е „господар на дворецот“. Ако бевте фатени дека ги прекршувате утврдените правила, последиците и казната веќе беа подготвени, без двоумење, без конфузија и без можност да се избегнат, пишува Тонји Кол, извршен директор и соосновач на Сахара груп, од Лаос, Нигерија (која, патем, нема никаква врска со нам добро познатата Сахара Индија Паривар, на Субрата Рој).
Кол, во текстот објавен на веб-страницата на Светскиот економски форум, вели дека како деца, љубопитноста која е дел од човечкиот дух доведуваше да се испитуваат границите на тие правила. Многу попредизвикувачко беше да се прави нешто надвор од овие граници и потоа да се раскажува приказната.

„Светот денеска сè повеќе наликува на ваквите спомени од детството. Се чини дека лидерството е во врска со поставување правила, утврдување мандати, закани за одмазда и казнување, што е предвидливо кај многу луѓе кои се надеваме дека ќе водат. Во меѓувреме, општествените актери имаат намера да работат надвор од овие правила, да го мамат системот и да се обидат да останат чекор понапред од оние кои го спроведуваат владеењето на правото“, вели Кол.

Што е добар лидер? Јасно е дека светот бара правила и прописи за упатства и насоки, без кои хаосот и анархијата би биле секојдневна реалност. Меѓутоа, светот исто така има очајна потреба за водачи кои разбираат дека лидерството не се наметнува со декрет, туку низ промислено дејствување. Лидерите мора јасно да ги артикулираат придобивките од своите постапки и да водат преку недвосмислено самоизразување на вродените квалитети што ги поседуваат кои треба да ги прикажат и на тој начин кај многумина да поттикнат восхит и имитирање.

„Не е тајна, на пример, дека неконтролираното и неодговорно извлекување на минерални ресурси е штетно за животот во сите негови форми. Никој во денешниот свет не треба да биде изненаден дека поради непочитувањето на културата, благосостојбата и благосостојбата на заедниците во кои се случува ископувањето на минералите и во кои се потиснуваат правата на тие луѓе, ќе резултира со непријателски, нестабилни и неодржливи екосистеми“, вели Кол.


Празнината во лидерството целосно се гледа во ерозијата на довербата меѓу државите и нивното население - единствената и најголема причина за масовната миграција изминативе децении. Од целиот Блиски Исток и Азија до Суб-Сахарска Африка, милиони мажи, жени и деца се во движење, оставајќи ги своите родни земји, несвесни за ризиците и вистинската опасност за нивните животи и за достоинството како човечки суштества, барајќи безбедно прибежиште во Европа.

Ваквиот недостиг на доверба дополнително се зголемува поради фактот што владите кои претходно предничеа околу прашањата на климатските промени и транспарентно известување за авторските права, даноците, обновувањето на лиценци, правилата и другите механизми за контрола, ја напуштија рамката за која придонесоа да се направи и да се спроведе. Како остатокот од светот да реагира кога клучните протагонисти на ваквите напори за колективно дејствување одеднаш се вртат „на лево-круг“ во полза на политиките кои првенствено се засегнати од сопствените интереси?

Додека политичките лидери се повеќе се затечени во ротирачката врата на политиката, јавноста сè повеќе е несигурна за стабилноста на нивните влади, па граѓаните се свртуваат кон бизнисите да за обезбедат сигурност за работните места што беше примарна задача на владите. Поради ова товарот на националниот раст и економската благосостојба на нациите се става врз грбот на корпорациите – наметнувајќи им огромна одговорност на шефовите на овие корпорации кои не можат лесно да ја игнорираат.

Имајќи го сево ова во предвид, според Кол, невозможно е корпорациите кои генерираат профит што го надминува домашниот бруто-производ на многу нации во светот, да се ослободат од акции кои имаат глобално влијание врз човештвото. Ниту, пак, е можно да застанат настрана и да гледаат со рамнодушност кога цели народи се вознемируваат поради политичката наивност.
Скршениот свет бара лидери кои гледаат подалеку од нивните национални граници и кои што се подготвени и способни да ги поттикнат другите да гледаат надвор од обичната реторика. Некој треба да стане за да го пополни очигледниот лидерски вакуум во политичката арена. Според Кол, бизнисот веќе не може да се крие зад фасадата на корпоративното управување, одвојувајќи ги државните работи од нивните. Одговорноста за финансиската и општествената благосостојба на граѓаните е во голема мера наклонета кон бизнисите, па и грижата и одржливоста на планетата која им обезбедува на корпорациите сè што треба да бидат ефикасни и ефективни.
 

19 декември 2017 - 13:32