Колку застрелани црнци се доволно застрелани црнци?

По зборовите на луѓе од американската полиција, американската полиција застрелува помалку Афро-Американци отколку што треба би требало.

Изјавата е на висок функционер на полицијата на Тулса кој обидувајќи да објасни дека „едноставно не постои“ систематски расизам во работата на полицијата изјави дека истражувањата покажуваат дека застрелувањето на Афро-Американци „е 24% пониско отколку што би требало да биде“.

Кажувајќи го своето мислење околу протестите полицискиот мајор Травис Јетс, изјавува:

„Има едно меме ’Црнците се застрелани два пати, два и пол пати повеќе’ и сите паѓаат на тоа. Ама тоа нема логика. Мора да имаш контакт со претставниците на законот за тоа да се случи.

Ако одредена група прави повеќе криминал, повеќе насилен криминал, и полицијата има повеќе контакт со неа, тогаш таа бројка ќе биде повисока. Како тоа некој може да мисли дека убиствата треба да ја следат процентуалната поделба според пописот? Тоа е лудило.

Застрелуваме 24% помалку Афро-Американци отколку што веројатно би требало, базирано на криминалот што тие го извршуваат,“ изјавил Јетс.

Мајорот кој и пред неколку години имаше контроверзни изјави околу расните проблеми во САД, се бранеше дека бил погрешно пренесен од радиото, дополнувајќи дека во целата дебата околу полицијата и расното насилство треба подетално да се разгледаат статистиките, кои според него не ги поддржуваат тврдењата за систематски расизам на полицијата.

12 јуни 2020 - 13:34