Кој кого бомбардира и зошто?

Сирија е седмата држава која САД ја бомбардира по пресвртниот 11-ти септември. За првпат, Американците немаат релевантна сила на теренот која треба да ја помогнат, туку се надеваат дека бомбите ќе го создадат нивниот сојузник.

По околу 200 воздушни удари изведени во текот на август и септември врз цели на ИСИС во Ирак, нападите се прелеаа и преку сириската граница за да се одржи ветувањето на Барак Обама дека ИСИС ќе биде разбиен и уништен. 

Значи, се бомбардира ИСИС?

Главно, да. Примарната цел на воздушните напади се милитантите од оваа групација кои држат сериозни делови на Ирак и Сирија. Но, тоа не е единствената цел. Се бомбардира и групацијата Курасан.

Кои се Курасан?

Фракција на Ал Каеда, главниот играч на светската терористичка екипа. Организацијата на Бин Ладен своевремено се има откажано од Исис но Курасан е дел од нивната хиерархијат. Активни се на теренот и се противници на Исис. Практично, Америка бомбардира две завојувани страни на еден терен. Тоа не се случува првпат. Во Ирак 2003-та го правеше истото а во портфолиото стои и чудниот момент кога Талибанците се плаќаа за да се осигураат безбедни рути за носење помош за нивните непријатели, авганистанските сили за безбедност.

Дали Курасан се опасни?

Се проценува дека ИСИС е главната регионална закана но на светско ниво се безначајни ама дека Курасан имаат капацитет за изведување терористички напади надвор од регионот.

Значи, цела американска коалиција е против Исис и Курасан?

Не, петте арапски земји од коалицијата помагаат да се уништат првите додека со Курасан се пресметуваат само Американците.

Каде е во сето тоа сирискиот претседател Башал Ал Асад?

Нему во моментов му одговаат нападите врз Исис бидејќи е тоа групација која работа на негово уништување.

Значи, американските напади практично му помагаат на диктаторот кој до неодамна беше пикиран за бомбарирање.

Така испаѓа. Башар е оставен за подоцна бидејќи е проценето дека главната гангрена за регионалната стабилност во моментов се неговите противници. 

24 септември 2014 - 10:20