Кога ќе помислиш дека имало бетер од тебе

По проблемите со алкохолот, кракот, другите дроги, курвите, неколку неделното присуство како главна тема на вестите во Канада, градоначалникот на Торонто меѓу своите граѓани има повисок рејтинг отколку што Обама има во САД.

Во анкетата на гласачите во Торонто, 42% ја поддржале работата на Роб Форд во најголемиот град на Канада. Во моментов тој има 3% повисок рејтинг отколку во периодот пред да признае дека пушел крак.

За споредба, на почетокот од неделава на анкета на иста тема во САД, само 37% од американските гласачи му дадоа поддршка на Обама.

За локалните избори во 2014-та, 33% од испитаниците изјавиле дека пак би гласале за Форд.

"Она што можеме да видиме е дека за неговите најголеми подржувачи, кои составуваат една третина од гласачите во Торонто, Роб Форд се уште е потенцијален победник на локалните избори во Торонто. Тој веќе не може ништо да направи што би ги изненадило нив или би ги премислило," објаснуваат луѓето од Форум Рисрч, кои го спроведоа истражувањето.

23 ноември 2013 - 13:03