Камера на место на сексот

Од сите места каде што може да го фатат, австриски политичар е снимен како има секс сред шума, и тоа од камери кои на прво место воопшто не ни биле заинтересирани за него.

Неименуваниот политичар од Корушка е снимен од камерите на локалното ловечко друштво, кои се поставени низ шумите за да го следат движење на животните и евентуално да фатат некој ловокрадец.

По сите правила за спин, политичарот веднаш кренал галама за тоа како камерите низ шумите го нарушуваат неговото право на приватност и дека во иднина истите треба јасно да бидат обележани, за да им се овозможи на луѓето во шумата "да го адаптираат своето однесување и да ги избегнуваат надгледуваните области."

Ловџиите сега (ни криви што политичарот имал секс во шума, ни криви што тоа се случило баш пред нивните камери) се обидуваат да објаснат дека ако на кој било начин се обележат камерите, тие ќе бидат видливи и за шумските животинки и со тоа комплетно ќе се изгуби нивната поента.

Како утеха за политичарот може да биде што веројатно неговото видео нема да се објави, бидејќи во Австрија казната за нарушување на приватноста со снимање на секс изнесува 25.000 долари.

19 јуни 2012 - 16:34