Како зборуваше Меркел во 2015

За германската канцеларка (во нејзините најсилни години од власта) тогашната криза во Украина е нерешлива со воени средства и само треба да се следи веќе постигнатиот мировен договор од Минск.

Нејзиното противење на давање помош на украинските сили е од страв дека тоа само ќе ги влоши работите „меѓутоа идејата има многу поддржувачи во Вашингтон“.

„Не можам да замислам ситуација во која подобра опрема за украинската армија ќе доведе до тоа претседателот Путин толку многу да се импресионира што ќе верува дека може да биде воено поразен.

Морам да го кажам тоа вака отворено,“ порачала Меркел во 2015 за време на говорот на Минхенската конференција за безбедност, неколку месеци по потпишувањето на првиот мировен договор од Минск.

Гардијан во тоа време пишува дека се случил судир меѓу Европа и САД околу тоа кој е најдобар начин за спротивставување на Путин додека руските бунтовници поддржани од Москва освојуваат територии во источна Украина. Во тоа време нејзин колега во САД е Барак Обама, кој е под притисок од Конгресот да испрати оружје во Киев.

На сличен став е НАТО чиј висок воен командант, американскиот генерал Филип Бридлов, порачува дека „не треба да се исклучува можноста за воена опција, но дека нема муабет за испраќање војска.

Според Шпигел, доколку тогашните обиди на Меркел (заедно со Оланд) да го вразумат Путин околу борбите во Донбас не вродат со плод, тогаш „САД ќе сакаат да го казнат Путин.“

Пет дена по говорот на Конференцијата, на 12 февруари, е потпишан мировниот договор Минск 2, со кој се доби неколку години мир во Донбас.

15 март 2022 - 08:18