Како Игра на тронови ќе го предвиди следниот Бин Ладен

Користејќи ја истата логика според која може да се открие кој ќе биде следен клучен лик во Троновите што ќе биде промовиран по убиството на некој од главните, компјутерски модел кој ги обработува сите расположливи податоци за терористичките мрежи може да предвиди кој ќе биде следен лидер по елиминацијата на актуелниот. До сега погодува со 80% точност.

Истражувачите од Универзитетот во Мериленд анализираат 4 групи: Ал Каеда, Хамас, Хезболах и Лашкар-е-Таиба (терористичките напади на Мумбај од 2008-ма). Тие следат како отстранувањето на конкретни индивидуи од групата може да ги предвиди промените и следниот лидер на организацијата.

Меѓу варијаблите за кои тие се заинтересирани е каква е улогата на лидерот, дали собира фондови, дали е духовен лидер или па регрутира нови членови, каков е по основа на непријателства и капацитет, и способноста за одмазда во случај тој да биде убиен.

Во целата анализа се следи принципот на "централност," кој го одредува влијанието на терористичкиот лидер и неговите најблиски соработници.

"Исто како и во Игра на тронови, наследството во терористичките мрежи најчесто е однапред одредено од рангот, наместо според останатите критериум за лидерство," објаснува еден од главните истражувачи на проектот, професорот В.С. Субрахманиан.

Заклучокот покажува зошто е важно анализирањето на останатите варијабли на мрежата и колку една терористичка организација еволуира кога го елиминираат нејзиниот лидер. Оценката е дека премногу често владите ја преценуваат штетата што и ја направиле на терористичката група со отстранување на лидерот. Тие не ја земаат во предвид можноста дека една терористичка група може да стане посилна откако нејзиниот лидер е отстранет.

"Отстранувањето на некомпетентни лидери може да ја направи организацијата посмртоносна... или пак ако тој е компетентен, може да биде заменет од некој кој е далеку по смртоносен," објаснува професорот.

Во случајот си Ал-Каеда, иако Ал Завахири беше најверојатно да го превземе водството според ранг, Ал-Багдади (сегашниот лидер на ИСИС) има најдобар резултат според симулацијата.

"Слично како и во книгите за Игра на тронови, ликот Џофри Баратеон е пример за нод (единка) со висок ранг, меѓутоа низок резултат на тема влијание и поврзаност. Дијаболичниот Тајвин Ланистер има големо влијание, што му овозможува ефективно да го одлучува развојот на настаните и покрај тоа што не е крал. Џон Сноу, во меѓувреме, има висок резултат по основа на поврзаност. Тој е блиско врзан со луѓето од Ноќната стража, кои пак се блиско поврзани со останатите членови на стражата," со објаснува во анализата на сајтот Дифенс Уан.

4 август 2014 - 15:00