Каде повеќе се прислушува: Во Сад или во Европа?

ЕУ прописно се згрози од аферата околу прислушувањето американски граѓани од нивната национална безбедносна служба та дури и се закани со затегнување на трговските односи со САД заради одбрана на граѓанските слободи. ОД Америка стига одговор: "А да не ни глумите монахињи"? 

"100 пати повеќе имате шанси да бидете прислушувани од својата Влада ако живеете во Холандија или Италија отколку ако сте во САД. Ако сте Французин или Германец, пак, тогаш можноста дека сте прислушувани е 30 - 50 пати поголема отколку да сте во Американец" изјави поранешниот советник во американската НСА, Стјуарт Бејкер, повикувајќи се на истражувања на Институтот Макс Планк.

Бројките на Американецот се точни, потврдува холандски професор кој се занимава со оваа тема. Само што, вели тој, налозите за издавање во неговата земја главно ги издава полицијата а не разузнавачките служби. 

Според Јорис Ван Хобокен, масовното прислушување во Холандија е работа на стилот на државата која е навикната повеќе да користи прислушување отколку тајни агенти.

Компаративна анализа на состојбата со шпионирање на своите граѓани меѓу САД и Европа има направено адвокатот Кристофер Волф и неговиот заклучок гласи:

"Колку и да е оправдан гневот околу прислушувањето во САД, во Европа е бетер"

Тој го потенцира недостатокот од законодавна контрола врз прислушувањето во Европа а со неговото мислење со согласуваат и европски експерти на оваа тема.

29 јули 2013 - 08:30